Земјоделец од Арачиново ќе бара правда во Стразбур за неисплатена отштета од поплавите

Земјоделецот Екрем Јаји од скопското село Арачиново денеска повторно побара институциите јавно да кажат зошто сé уште не му е исплатена отштетата вредна 10.000 евра за овошните насади уништени во катастрофалните поплави во 2016 година.

На 10 јануари првпат дадов изјава за отштетата од 2016 година. Министерството за земјоделство прати демант преку социјалните мрежи дека со мене некој манипулира, дека лажам. Барам да се соочиме пред јавноста, за да се знае кој лаже. Јас или тие. Пред кој било медиум подготвен сум ако треба денес или утре, да седнеме и да ја кажеме вистината, но со факти, со вистински, а не со „фалс“ документи. Не сакам да манипулира со мене ниту една партија за политички поени. Јас не сум партиски определен, ниту сум бил, ниту ќе бидам, истакна Јаји.