Меркел: Северна Македонија направи „неверојатен скок“

Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ, но на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Во случајот на Северна Македонија беше направен неверојатен скок со решавање на спорот за името. Тој спор ја блокираше земјата. Верувам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат во иста група. Во основа, ги имаме Србија и Црна Гора, ги имаме Северна Македонија и Албанија и секако, ги имаме БиХ и Косово, што е друга ситуaција. Што се однесува до претседателот Макрон, Андреј Пленковиќ последен зборуваше со него. Откако не успеавме да постигнеме согласност на Советот во декември, сега мора да видиме дали можеме да направиме нешто на Советот во март. Во тек се разговори на таа тема“, изјави Меркел.

Состанокот на Европскиот совет е закажан за 26-27 март во Брисел.