МЕЧЕТО ТЕДИ ОД КАФЕЗОТ ВО ШТИП ЗАМИНУВА НА РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО СТРАНСТВО

Наместо привремено да биде згрижено во Скопје мечето Теди од Штип директно ќе оди или во паркот на танцувачките мечки во Белица, соседна Бугарија или во Швајцарија.

Конечната одлука за неговото ново живеалиште веројатно ќе се донесе кон крајот на месецов, кога во Штип ќе дојдат претставници од фондацијата „Брижит Бардо“ и организацијата „Четири шепи“ заедно со ветеринари за диви животни кои ќе го прегледаат Теди. Активистката и портпаролка на скопската Зоолошка градина Тина Мицковска вели дека се средува документацијата околу преселбата на мечето и тоа ќе ја напушти државата.