Ди Каприо донира 3 милиони долари за Австралија , Металика 750 000…

0
84

Еколошката организација ,,Земјина Алијанса” вчера соопшти дека го основала австралискиот фонд за да помогне во „меѓународниот одговор на катастрофалните пожари“ кои моментално беснеат во земјата.

Пожарите во Австралија, предизвикани од сушата, почнаа од септември, со месеци порано отколку што е типично за годишната сезона на пожари.

Оскаровецот дејствува како копретседател на организацијата , со филантропите Брајан Шет и Лорен Пауел Џобс. Организацијата е основана минатата година за борба против климатските промени и загубата на биодиверзитетот.

Фондот ќе работи со локални австралиски партнерски организации, вклучувајќи ги Aussie Ark, Bush Heritage и Wires Wildlife Rescue, пренесува АБЦ.

Ди Каприо на тој начин се приклучува кон растечкиот список на славни личности кои донираат. Австралискиот актер Крис Хемсворт и британската sвезда Елтон Џон ветија милион долари, со донации од Никол Кидман, Пинк и Кит Урбан. Металика објави дека ќе донира 750.000 долари на службите за итни случаи во Викторија