Мизрахи: Завршува времето кога четиричлено семејство живее со 17 илјади денари месечно

0
107

Mинистерката за труд и социјална политика во техничката влада, веднаш по нејзиниот избор, се обрати преку социјалните мрежи. Преку „фејсбук“-статус таа соопшти дека секој орган на државната управа, како дел од извршната власт, е основан за областите и подрачјата кои се од значење за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица.

Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари. Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа. Ние можеме и имаме доволно ресурси да успееме!! Мотивот е огромен, а предизвиците се пред нас.