Мизрахи: Нема да дозволам Македонците да бидат нарекувана антисемитски народ

Министерката за труд и социјална политика од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Рашела Мизрахи денеска на прес конференција изјави дека и покрај вербалните напади врз неа нема да дозволи Македонците да бидат нарекувана антисемитски народ. Вели дека Македонија е нејзина држава, родена е тука заедно со Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци и знае што значи соживот. Мизрахи се присети и раскажа како во текот на Втората светска војна од Македонија и биле однесени 83 члена од семејството во концентрациониот логор во Треблинка само затоа што биле Евреи. Сите биле убиени. Министерката е згрозена зошто во политиката се користат вакви напади за добивање на политички поени.