Николовски: На сите верници им го честитам празникот Водици, да се почитуваме, да продолжиме да правиме добро

0
36

Драго ми е што денеска на овој голем христијански празник сум дел од манифестациите коишто се одржуваат во Штип во Истокот, и од тука во име на СДСМ сакам на сите да го честитам овој празник, кажа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Пред се упатуваме честитки до Поглаварот на МПЦ, до членовите на Светиот Архирејски синод, до Митрополитот Иларион, до целото свештенство и до сите верници коишто денеска го слават овој празник и не само денес, туку повикуваме секој ден да меѓусебно се почитуваме, да се помагаме, и да во ова лето господово 2020 навистина секој ден правиме добри дела, сите заедно, да го продолжиме вистинскиот пат на просперитетот на нашата земја и во оваа година на сите граѓани да им посакам многу здравје, среќа и радост во истото.

И секако на сите оние коишто тука во Штип и во целата земја, денеска го фатија светиот крст, им посакувам лична среќа, благосостојба и личен развој пред се“, кажа Николовски.