Пазарџиите денеска повторно протестираа

0
83

Пазарџиите и денеска излегоа на протест и го блокираа булеварот Свети Кирил и Методиј во центарот на Скопје, по што се упатија пред Општина Центар.

Бараат средба со градоначалникот Богдановиќ и децидни се дека ПОЦ треба да ја врати старата цена на паркингот. Иако тој им најави дека средба е планирана за во понеделник со тројца претставници, тие се сомневаат дека може да бидат изманипулирани и бараат повеќемина да присуствуваат на средбата.

Инаку ПОЦ смета дека скопски пазар треба да обезбеди паркинг за пазарџиите, бидејќи паркингот позади пазарот е пред се за жителите од соседните згради.

Извор Телма