Стартуваа превентивни мерки против коронавирусот, надлежните тврдат дека нема простор за паника

0

„Патниците од Истанбул и Дубаи, местата кои имаат врска со регионот во Кина, каде што е жариштето на вирусот денеска на Скопскиот аеродром ја поминаа термо камерата.“

Здравствените екипи кои ја правеа проверката велат дека скенирани биле само дел од патниците кои слетале од Дубаи, но на ниеден од нив не се забележале никакви симптоми. Смируваат дека нема простор за паника, но сепак камерата не претставува стопроцентна сигурност дека нема заболени.

„На почетокот се сетираше камерата, јас не го фатив почетниот дел од патниците кога доаѓаа, но потоа камерата функционираше. Но, да се разбереме кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат покачена температура, а да бидат носители на вирусот, така да ова ни е само еден дел од превентивните мерки, што не значи дека и тука ако не регистрираме покачена температура дека можеби немаме патник кој е носител на Корона вирусот“,истакна Марија Гочевска, епидемиолог .