Урсула фон дер Лајен: ЕУ мора да го исполни ветувањето за Северна Македонија и Албанија

0
120

Претседателката на Европската комисија рече дека е „длабоко убедена“ дека Унијата треба да продолжи со процесот на проширување. Урсула фон дер Лаејн ја избра Хрватска, најновата земја-членка на ЕУ, за да испрати порака на Балканот: ЕУ мора да ги оддржи своите ветувања за проширување, пренесуваат агенциите.

„Од нив побаравме да направат многу. Тие ги исполнија критериумите, така што сега мора да ги исполниме и нашите ветувања“, рече претседателката на Европската комисија, осврнувајќи се на Северна Македонија и Албанија. И на двете држави им беше дадено зелено светло да започнат преговори за пристапување во ЕУ, но видоа дека патувањето е стопирано поради неподготвеноста во Европскиот совет, особено од Франција, која има загриженост за влијанието на натамошното проширување на процесот на пристапување.

Фон дер Лајен разговараше со Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. „Следните месеци, се разбира, ќе бидат особено важни за односите со Балканот“, рече таа, осврнувајќи се на предлозите за тоа како да се подобри процесот на проширување што се очекува од Комисијата. Во ноември, Париз ги претстави своите предлози за промена на правилата за пристапување во ЕУ.

На состанокот на лидерите на ЕУ во октомври, тие решија „да се вратат на прашањето за проширувањето пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година“. Лидерите се очекува да разговараат за ова прашање повторно во март.

Самитот во Загреб „ќе биде потенцијална пресвртница во овој процес“, рече Фон дер Лајен, предупредувајќи дека „сé уште имаме многу работа.

Таа рече дека ЕУ „ќе разгледа како можеме да го подобриме процесот на пристапување“, но додаде: „Длабоко сум убедена дека тоа не треба да не спречи да преговараме за пристапување со Северна Македонија и Албанија“.

Фон дер Лајен вели дека ќе има донаторска конференција на 17-ти февруари за земјотресот во ноември во Албанија, во кој загинаа околу 50 луѓе.