Меркел разговараше со Путин за кризата на Блискиот исток

0
85

Ангела Меркел пристигна во Москва за да се сретне со Владимир Путин. Канцеларката на Германија рече дека ваквите состаноци се многу корисни и ќе биде подобро лидерите да разговараат лично едни со други, отколку едни со други преку медиумите.

Посетата е на покана на Путин, при што лидерите разговараат за голем број теми. Покрај новите тензии на Блискиот исток, Путин и Меркел разговараат и што да прават со гасоводот „Северен тек“ 2, кој Американците успеаја да го запрат барем привремено, преку новите санкции, пренесуваат медиумите.

„Разговаравме за ситуацијата во Иран. Се согласивме дека мора да сториме сé што е можно за да го спасиме нивниот договор за нуклеарна програма од 2015 година. Јас, исто така, би сакала да истакнам особено за смртта на овие 176 невини луѓе. Добро е што веќе знаеме кој е одговорен. Истрагата треба да се направи без никакви заобиколувања“, рече канцеларката на Германија.