УСТАВНИОТ СУД НЕ ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА АМНЕСТИЈАТА ЗА „27 АПРИЛ“

0
40

Различни мислења ама мнозинство гласови на уставните судии ги спасија од пресуда дел од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија поднесена од претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров. Судија Насер Ајдари кој го води предметот и го образложи истиот на седницата, рече дека иницијативата треба да се отфрли.

„Уставниот суд не може да се става во улога на Собранието, туку тој одлучува дали Собранието имало уставно право да го донесе законот и затоа ваквите прашања за правото на давање амнестија се неосновани.“ – велчи судијата Насер Ајдари.

Освен оваа, Уставниот суд ја отфрли и инцијативата на адвокат Сузана Јошевска Анастасовска која од судот побара оценување на уставноста на делот од Законот за амнестија кој предвидува амнестијата да ја носи Собранието но судот да одлучува кој може да биде амнестиран. Во таа смисла, а различно од другите, судијата Јован Јосифовски смета дека законот е противуставен и дека двете иницијативи требало да бидат прифатени.