Двајцата министри во МВР се договорија за возилата и систематизацијата

0
72

Техничкиот министер Наќе Чулев и дополнителната заменичка Славјанка Петровска во МВР се договорија. Проблемот со користењето на возилата ќе го решава внатрешната контрола, доколку постои сомнение за нивно несоодветно користење. Ќе се повлечат само оние возила кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците, се вели во соопштенито на МВР издадено по средбата на министрите. Тие уште се договориле дека ќе се прави соодветна распределба на возилата, водејќи сметка и за нивните два кабинети.

За телеграмата пак со која министерот Наќе Чулев ги извести раководителите на единиците министрите се договориле дека е надлежен директорот на БЈБ. Тој веќе ги распределувал работниците кои добија решенија од претходниот министер Оливер Спасовски, на ден пред неговото заминување од функцијата. Инаку претходно Чулев издаде наредба, решенијата да престанат да важат.