Заврши времето кога во МВР работите се решаваа со „молби“ и со партиски или политички директиви

0
87

Читам денес во некои од медиумите дека Оливер Спасовски „ме моли“ да ги потпишам бонус платите за полициските службеници. Навистина нема потреба од молби. Ниту на сон не ми паѓа како министер за внатрешни работи да ги злоупотребам правата кои на вработените им се загарантирани во колективниот договор, закон за работни односи и законот за внатрешни работи, токму онака како што тој – Оливер Спасовски го правеше тоа во изминатиот период – напиша министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

Според него, помина времето кога во министерството за внатрешни работи се злоупотребувале правата од работен однос и кога работите се решавале со „молби“ или пак со партиски или политички директиви.