Закана за бомба во Сити Мол

0
87

Трговскиот центар моментално е евакуиран.

„Слободен печат“ дознава дека во скопски Сити Мол во моментов има единици на Министерството за внатрешни работи по дојава за бомба.

Пријавата била од вработени во трговскиот центар. Читатели на „Слободен печат“ вознемирени се јавуваат во нашата редакција дека ги евакуирале од трговскиот центар. За повеќе детали ќе известиме дополнително.