Коронавирус и во Европа, првите заразени во Франција

0
244

Франција ги потврди првите два случаја на кинескиот коронавирус во Европа, соопшти министерката за здравство Ањез Бузин. Најверојатно има и други случаи на заразени во Европа, додаде министерката и ги предупреди граѓаните кои патувале во Кина и на кои им се појавиле симптомите да ги избегнуваат чекалниците во амбулантите за итни случаи.

Во чекалниците всушност луѓето ризикуваат да дојдат во контакт со други лица, изјави Бузин.

Министерката за здравство Ањес Бузин на прес-конференција рече дека тоа се првите потврдени случаи во Европа, додавајќи дека верува оти повеќе очекува нови случаи во таа држава.

Првиот случај е пријавен во Бордо, а вториот во околината на Париз.

Министерката истакна дека властите ќе направат се за да се ограничи ширењето на вирусот.