Во светот би можеле да опстанат само 5-6 валути

0
138

Во светот постојат повеќе од 100 признати валути, но тој број би можел да падне на пет или шест во наредните 20 години.

Тоа го оценил бразилскиот министер за економија Пауло Гуедеш на Светскиот економски форум во Давос.

Немирите на финансиските пазари, несредените монетарни политки во светот како и појавата на нови средства и начини на плаќање, би можеле да доведат до крупни и структурни промени, пишува “klix.ba”.

Европските држави пред 20 години вовеле заедничка валута, овозможувајќи им така на луѓето, на пример, од Франција, да патуваат во Германија без потреба за размена на готовина.

Тоа би можело да се повтори во другите делови од светот во иднина, под услов политички или економски да се усогласат, рекол Гуедеш.

“Ако се земе во предвид политичката и економската димензија, за 20 или 30 години ќе имаме пет-шест валути”, додал тој.

Во овој момент американскиот долар се смета за безбедна валута, што значи дека неговата вредност расте во време на кризи. Поради стабилност и трговија, разни земји одлучиле да ја врзат својата валута токму за американскиот долар, а Кина би имала своја валута околу која гравитираат некои земји.

Во исто време, Дојче Банк објавила истражување кое вели дека сме далеку од посмртните ѕвона на готовината
Извор точка.мк