Производителите на канабис бараат итно усвојување на Законот за кнтрола на опојни дроги

0
82

Доколку државата не дозволи извоз на цвет од канабис загубите на компаниите производители во земјава ќе бидат најмалку 50 милиони евра. Тие имаат дозволи за производство на канабис за медицински цели,  но не и можност за продажба, освен во една веледрогерија, што е премалку велат од здружението „Мак канабис“. Бараат пратениците да ги донесат измените на  Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, бидејќи во прашање се доведени нивните бизниси и судбините на 740 вработени лица во оваа индустрија. “

„ Ценам дека со оваа индустрија БДП сериозно ќе се зголеми, и од тие причини мора сериозно политичарите да си ја сфатат улогата. Дел од нив може инвестирале во овој бизнис, но тоа не значи дека било кој граѓани не може да  инвестира во овој бизнис“, изјави Костадин Дуковски, претседател на Здружението Мак канабис.

Производителите на канабис велат дека имаат огромни залихи на произведен цвет, не кажаа колку бидејќи стравуваат дека може да им бидат ограбени магацините и производствените капацитети.

„Цветот е органска материја. Со текот на времето тој губи од своите состојки кои што ги содржи. Значи за загубите, за максимум половина година од денот кога е набрано, штетата ќе биде сто процентна“, рече Јане Седински, Мак канабис.