Трајковски дојде во суд, се пожали на лоша здравствена состојба

0
78

На денешното рочиште за „ТНТ“, обвинетиот Тони Трајковски се појави во судницата и рече дека дошол и покрај тоа што немал покана.

Судењето почна од почеток, поради тоа што поротничка даде оставка на 30 минути пред рочиште. Повторно беше одлучено на Никола Груевски да му се суди во отсуство.

Трајковски се пожали дека не е во добра здравствена состојба, а неговиот адвокат доставил и медицинска документација во која пишувало дека му е препорачана терапија и не може да присуствува на ваков процес.

Јанакиески рече дека има измени кај него од минатото пат кога доставил податоци, напомена дека сега не е вработен.