Утре конечна одлука за техничкиот министер за внатрешни работи

0
72

Министерот Оливер Спасовски, кој од трети јануари треба да биде технички премиер е сигурен дека Мицкоски утре ќе даде нов предлог и техничката влада ќе се формира веќе во петок, на 3-ти јануари.

Останува на ставот дека, полковникот Драган Ковачки не е соодветно решение за функцијата.

За другите предлози од опозицијата, Спасовски начелно нема забелешки.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ најави утре ќе ја извести јавноста за конечната одлука, дали ќе даде нов предлог за технички министер за внатрешни работи или ќе остане на ставот дека, Ковачки треба да го предводи ова министерство во следните сто дена. Тој се повикува на членот од уставот во кој се вели дека, секој граѓанин има право да стапи на функција.