Хуманитарката Мерсиха Смаиловиќ под напад за антисемитизам

0
73

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да ја разреши активистката Мерсиха Смаиловиќ од членка на партиска комисија, поради, како што велат, ширење на говор на омраза и антисемитизам.

„СДСМ во паника од неминовниот изборен пораз шири говор на омраза и антисемитизам. Нападите на функционери на СДСМ кон министерката Рашела Мизрахи, на верска и национална основа, затоа што е Еврејка, е еклатантен пример за говор на омраза. Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во стилот на нацистите на Хитлер, повика Рашела Мизрахи да биде обележана со Давидова ѕвезда затоа што е Еврејка“,