Вевчани подготвено да ги покаже маските

0
85

Традиционалниот Вевчански карневал годинава се одржува под мотото „Напрај се василичар“, а официјално почнува денеска напладне, со прием што го приредуваат организаторите, а подоцна започнува масовната прошетка.

Се очекува околу 10.000 посетители од земјава и странство да го проследат овој настан, на кој според градоначалникот Сашо Јанкоски, ќе продефилираат 1.000 маски.

– За време на вчерашната забава имаше голем број посетители кои очекуваме да дојдат и денеска. Наскоро ќе започне дефилето со маски и ќе видиме со што ќе изненадат – рече Јанкоски.