Милановиќ ја презема функцијата претседател на Хрватска

Новиот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ја презема функцијата од претседатлката во заминување Колинда Грабар Китаровиќ која како кандидат на партиите на левиот центар ја победи во вториот круг од изборите на 5 јануари. За разлика од претходните претседателски инаугурации на плоштадот пред седиштата на владата и на парламентот во Загреб, денешната на Милановиќ ќе биде во кабинетот на претседателот. На свеченоста се поканети 40 официјални државни претставници и нема да има лидери на хрватските партии, на верските заедници и дипломати.