СДСМ МАРШИРАШЕ ЗА ПРАВДА

Под мотото „Чекориме за правда“, СДСМ вечерва организираше марш кој почна од Собранието до комплексот судови, со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.

Парламентот ги донесе законите од правосудството, отвори ново поглавје, тоа е темел на градењето на ефикасна правна држава. Сите предмети ќе имаат судска и правна разрешница врз основа на фер и транспарентна постапка, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.