Сеуште нема меѓупартиска усогласеност за предлог текстот за Законот за ЈО

Тој сепак додава дека не е задача на партијата забелешките да ги преточи во амандмани, откако вчера министерката за правда, Рената Дескоска даде рок до денеска во 12 часот партиите да поднесат амандмани засновани на мислењата на експертите.

Од друга страна, советникот во Владата, Бојан Маричиќ, тврди дека парламентарната процедура го налага спротивното.

Наредната средба меѓу работните групи од власта и опозицијата е закажана за в понеделник, кога, според Маричиќ, се очекува пречистен текст зад кој би застанале две третини од пратениците. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ нема желба и волја за усвојување на овој важен реформски закон, додека пак од власта топката ја префрлаат на опозицијата – го забавувале процесот.