Фотографија на денот: Знамето на НАТО пред македонскиот парламент

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор откако тој вчера едногласно беше усвоен од страна на Собранието.

Оваа #ФотографијаНаДенот е белешка за историскиот момент кога припадниците на почесната гарда го креваат знамето на НАТО за време на свечената церемонија пред зградата на парламентот во Скопје, откако пратениците го ратификуваа протоколот за пристапување на земјата кон НАТО.

За ратификацијата гласаа 114 од вкупно 120 пратеници а немаше гласови против ниту пак воздржани. Овој финален документ за полноправно членство на земјата во НАТО ќе започне да важи откако Шпаниј, како последна членка на Алијансата ќе го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, што се очекува да се случи во март.