Албин Курти во официјална посета на Албанија

0
137

„Нашата прва средба денеска беше да речеме за албанскиот „Макро шенген“, а не за балканскиот „Мини шенген“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

„Верувам дека без балканскиот „Мини шенген“ нема албански „Макро Шенген“, додаде Еди Рама, премиер на Албанија.

Двајцата премиери Албин Курти и Еди Рама не се согласуваат околу балканскиот Мини шенген. Спротивните ставови беа кажани на заедничката конференција во Тирана, за време на првата посета на Курти како косовски премиер.

Сепак, Рама и Курти се согласија за нешто. Формирање на меѓудржавна комисија за разгледување за спроведувањето на договорите што досега беа потпишани меѓу двете држави. Курти рече дека неговата желба е земјите да имаат силен почеток на соработката и дека треба да бидат една за друга приоритет, без да губат време.