Апсење во Скопје- приведени три лица

0
76

Три лица уапсени на различни локации во Скопје поради нелегално поседување на оружје и дрога.

Вчера во 12,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во село Визбегово го лишиле од слобода Љ.С.(24) од Тетово затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол “Ретаи Гарон“ 9 мм и една рамка со три куршуми.

Попладне пак во 15,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата “Есперанто“ го лишиле од слобода Ј.Ј.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и нож на расклопување.

И третиот случак бил регистриран во 22,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Скупи“ го лишиле од слобода Џ.Е.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.