Спасовски: Донесување закон за јавно обвинителство уште еден позитивен аргумент да се биде поблиску до ЕУ

0
85

Премиерот Оливер Спасовски смета дека до распуштање на Собранието има простор за донесување на Законот за јавно обвинителство, но и сите други законски решенија што се потребни во насока на исполнување на обврските, со цел добивање датум за преговори со ЕУ.

Тој вели дека се уште се работи на усогласување на ставовите за Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е важно за европската перспектива за Република Северна Македонија.

– Многу е важно секој политички субјект, сите пратеници во Собранието, групи и така натаму да бидат на висината на сопствената одговорност и се уште сметам дека таа одговорност што ја имаат пред се пратениците пред граѓаните на Република Северна Македонија ќе преовладува пред секој личен партиски или не знам каков друг интерес. Јас очекувам дека ќе има можност и ќе создадеме парламентарно мнозинство кое ќе го поддржи новиот Закон за јавното обвинителство. Јас посакувам тоа да бидат сите политички субјекти,сите да се вградат во иднината на оваа држава, рече Спасовски.