Белата куќа побара 2,5 милијарди долари за борба со коронавирусот

0
85

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара 2,5 милијарди долари за борба против епидемијата на коронавирусот откако бројот на потврдени случаи се зголеми што предизвика потреси на финансиските пазари од Соединетите Американски Држави до Италија и Германија.

Белата куќа соопшти дека повеќе од милијарда долари ќе бидат потрошени за развивање на вакцина за заштита од коронавирусот кој почна во Кина, а од кој низ светот се заразени околу 80 000 луѓе.