Косовските црногорци бараат од Тачи и Курти регулирање на формално-правната положба

0
125

Здружението на Црногоците на Косово упати барање до косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Албин Курти за уредување на формално-правната положба на Црногорците во Косово и очекуваат од нив изработка на уставен амандман кој би бил разгледан и усвоен од Собранието, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од Здружението порачаа дека барањето го упатиле до сите пратенички групи, со цел „по 12 години да се дознае вистината кој е ‘За’ а кој ‘притив’ Црногорците да станат уставна категорија”.

Во соопштение до медиумите се потсетува дека за усвојување на таков амандман во косовското Собрание е потребно „двојно двотретиснко мнозинство односно двотретинско мнозинство на малцинските заедници и најмалку две третини од гласовите на присутните пратеници”.