Националните телевизии бараат кабелските оператори да ги почитуваат авторските права

0
99

Паушален незаконски хир. Вака Македонската Медиумска Асоцијација ја оцени одлуката на кабелските оператори да го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали. Директорите на петте национални телевизии побараа операторите да бидат општествено одговорни и да ја преиспитаат оваа, за нив, апсурдна и неразбирлива одлука.

Петте телевизии ги гарантираат авторските права 24/7 , како и тоа дека на нивните канали нема пиратерија. За се` што емитуваат, поседуваат договори за законско право за емитување и тоа го гарантираат под морална и кривична одговорност.