Ново рочиште за „Титаник 3″

0
80

Дали ќе се воспостави конференциска видеоврска меѓу сведокот Ресмије Аземи од Германија и Кривичниот суд во Скопје или не за случајот „Титаник 3″ ќе се знае на денешното рочиште за овој предмет. Минатото рочиште одржано на 29 јануари се одложи токму поради отсуството на овој сведок. Во известувањето на Судот се наведе дека сведокот на 20 декември минатата година преку е-пошта го известил Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

Обвинети во овој предмет се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.