Коронавирус: Кина објави опсежни податоци – кој најчесто заболува

0
71

Кај 80 проценти од заболените, инфекцијата со коронавирус е безопасна, загрозени се пред се‘ старите луѓе. Но, и по објавувањето на најновите бројки од Кина, останува извесна скепса во нивната веродостојност

Кинескиот центар за контрола на болести и превенција (ЦЦДЦ) ја објави досега најобемната студија за новиот коронаворус. Собраните податоци можат да помогнат во проценката за фактичката опасност од КОВИД-19.

Во анализата се опфатени податоци за вкупно 72.314 пациенти, од кои 44.672 (61,8 проценти) се потврдени случаи,16.186 (22,4 проценти) се сомнителни случаи, 10.567 (14,6 проценти ) се клинички дијагностицирани случаи (само од провинцијата Хубеи) и 889 се атипични случаи (1,2 процент).

Кај повеќе од 80 проценти од заразените, болеста тече релативно безопасно, 13,8 од инфицираните заболуваат тешко, додека само кај 4,7 проценти состојбата се означува за критична.