По новата методологија на ЕУ: Германија и Австрија очекуваат почеток на преговори со Скопје во март

0
81

Европската комисија денеска ќе ја претстави реформираната преговарачка рамка за земјите кандидати за членство. Во Брисел велат дека условите за членство во ЕУ не се менуваат, туку само се динамизира процесот.

Европската комисија ќе ѝ излезе во пресрет на Франција и ќе усвои промени во методологијата на преговарачкиот процес за членство во ЕУ, но нема да ги менува условите за членство, порача портпарол на ЕК во Брисел во пресрет на денешното претставување на измените. Со измените, процесот ќе стане подинамичен и попредвидлив.