Првиот руски „Панцир“ пристигнува во Србија до крајот на неделата!

0
113

Врз основа на договорот меѓу министерствата за одбрана на Русија и Србија, првиот од шесте системи за противвоздушна одбрана „Панцир С1“ ќе ѝ биде испорачан на Србија до крајот на неделата.

Српските војници веќе се обучени за ракување со тоа многу ефикасно оружје, пренесуваат српските и руските медиуми.

„Панцир С1“ е хибриден топовско-ракетен систем кој обединува ракети „земја-воздух“, два топа калибар 30 милиметри, набљудувачки и нишански радар, како и оптички блок за надзор и управување со огнот.

Системот е поставен на камион „Урал“ со категорија 10 тони и конфигурација 8х8.