Амбасадорот на САД во Берлин именуван за директор на разузнавачката агенција

0
74

Американскиот претседател Доналд Трамп, во средата објави дека својот сегашен амбасадор во Германија, а кој со своите изјави предизвикуваше остри реакции од Берлин, Ричард Гренел, ќе го именува за привремен директор на Националната разузнавачка агенција, којашто под себе има 17 разузнавачки служби.

„Среќен сум што можам да ве известам дека нашиот многу почитуван амбасадор Ричард Гренел ќе стане наш привремени директор на националната разузнавачка аганеција. Рик извонредно добро ѝ служеше на нашата земја и одвај чекам да соработувам со него“, напиша претседателот Трамп на Twitter .

Именувањето на Ричард Гренел, кој е доследен соработник на Доналд Трамп, треба да го потврди Сенатот за да стане постојан директор на националната разузнавачка агенција.