СДСМ: Во криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се затворија 10.000 фирми, СДСМ за 57 пати ја зголеми поддршката за фирмите

0
76

Во криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се затворија 10.000 фирми, СДСМ за 57 пати ја зголеми поддршката за фирмите, реагираат од СДСМ.

– Криминалното владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски останува запаметено по грабежот од граѓаните, економскиот пустош, кога компаниите беа предмет на казни, насилни преземања, кога имаше „пиштење-вриштење“ и „со хилти се влегуваше“ во приватни компании.

За тие 11 режимски години кога извршителот Христијан Мицкоски му беше советник на неговиот шеф Никола Груевски, се затворија над 10.000 компании.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски само го продолжуваат патот кој им го трасираше Никола Груевски . На нивното лицемерие и лажна загриженост им нема крај.

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата – кочничар која беше против носењето на новите законски решенија за повисока минимална плата, раст на платите и пензиите, а како последно и е кочењето на растот на платите во високото образование за 10% што ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира во Собранието.