СОЦИОЛОЗИТЕ АЛАРМИРААТ ЗА ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

0
72

Здружението на социолози на Р .Македонија веќе неколку години иницираат промена и осовременување на наставните програми по Социологија и Граѓанско обрзаование , со цел да се задоволат образовните потреби на оние на кои таа е наменета, но и да ја смират македонската јавност која преку социјалните мрежи ги критикуваше стереотипните и застарени теми и содржини во учебниците.

Поголем дел учебниците се работени по стара методологија, користен е стар метод на пишување, дел од нив се пишувани во транзицискиот период и се користени анализи од книги на социолози во САД. Деловите од учебникот по Социологија за II година средно образование , наменети за родова рамноправност се извадени од контекст, изјави проф.Милева Ѓуроска коавтор на учебникот.