Жителите на Блаце бесни: „За автопатот, државата ни нуди 200 денари за експропријација“

0
88

 

Жителите на Блаце се револтирани од понудата на државата за експропријација на нивното земјиште каде што се очекува да помине новиот автопат Скопје-Блаце. Државата им нуди по само 200 денари за квадрат, а жителите тврдат дека цената треба да биде над 50 евра. Според нив, понудените 200 денари се навредливи и исмејувачки.

Цената од 200 денари за метар квадратен е неприфатлива и дополнително е навредлива за сопствениците. Затоа заеднички ги повикуваме сите институции вклучени во овој процес, да ја преразгледаат и да ја променат, да биде реална цена и компензацијата на имотот да биде реална“-рече Ракип Дочи, сопственик на земјиште.

Жителите велат дека платиле околу 3.500 денари данок на имот, а сега државата нуди смешна цена.