(Видео)Два силни земјотреса во Загреб: Снимки од оштетени згради и улици

Два силни земјотреси утринава во Загреб и северозападна Хрватска. Првиот се случил во 6:24 часот со 5,5 степени според Рихтеровата скала. Веднаш потоа во 7:01 часот се случил и втор со јачина од 5 степени. „Антишок“ се случил и нешто подоцна со јачина од 3,7 степени.