Димитров – Рот: Потребна е европска солидарност во справувањето со Ковид-19

0
100

Европа мора да покаже солидарност во борбата против корнавирусот, кој нема национален идентитет, па затоа човештвото треба заедно да се справи со него, порачаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска имаше „виртуелна работна посета“ на земјава.

Рот истакна дека сите граѓани на земјава треба да знаат оти не се оставени сами во справувањето со коронавирусот.

– Сега сме обвзрани на солидарност. Вирусот нема национален иденетитет и човештвото треба заедно да ја намине пандемијата, при што посилните треба да им помогнат на послабите, изјави Рот на заедничката видео прес-конференција со Димитров.