БРАЧНИОТ ПАР ОД ДЕБАР Е ВО СТАБИЛНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, ВО ИЗОЛАЦИЈА 34 ЛУЃЕ

0
81

Брачниот пар од општина Центар Жупа што на 27 февруари, со автобус допатувал од Италија во Македонија, имаат лесна форма на корона висрус но поради возраста се во ризична група, информираше денеска на редовната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче уште информираше дека во автобусот имало вкупно 28 патници заедно со возачот и двајцата заразени сопружници. Еден од патниците е албански државјанин и тој веќе ја напуштил земјава. Брачниот пар дополнително контактирал и со десет други членови на семејството и со пријатели. На сите нив, рече Филипче им е одредена домашна изолација и здравствен надзор од страна на Државниот здравствен инспекторат. Изолираните граѓани се од Скопје, Тетово, Дебар, Охрид и Велес. Министерот најави и дополнителни капацитети како поддршка на инфективните клиники во Штип, Велес и во Гостивар.