Бројот на заразени во Словенија се зголеми на 286 , еден починат

0
76

Досега биле тестирани вкупно 8730 лица, скоро илјада повеќе од вчера.

Иако во последните два дена е забавено зголемувањето на бројот на новозаболени, словенечките инфектолози тврдат дека земјата се уште е во почетна фаза на епидемијата и дека во наредните денови треба да се очекуваат посериозни манифестации на веќе заразените, а за кои интензивно се подготвува здравствениот систем.

Министерот за здравство Томаж Гантар вчера изјави дека во Словенија спроведувањето на построги мерки за спречување на епидемијата започнало седум до десет дена подоцна отколку што требало, а бројот на заразени може да биде пет пати поголем.

„Сега сите треба да се однесуваме како да сме заразени и да се придржуваме до строгите мерки за да се запре кривата на експоненцијалното зголемување на бројот на заразени“, рече Гантар.