(ВИДЕО) Најголемата хала на Белградскиот саем претворена во болница со 3000 легла

0
129

Согласно вчерашната најава на српскиот претедател Александар Вучиќ за агресивен пристап во борбата со коронавирусот, најголемата хала на Белградскиот саем денес е претворена во болница со 3000 легла.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Белградскиот саем се наоѓаат над 10 воени камиони од кои се истоваруваат кревети. Вучиќ најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.

Сите полесни случаи на заразени пациенти, ќе бидат сместени во карантин, за што се подготвуваат околу 3000 кревети на Белградскиот саем и повеќе илјади кревети во други места во Србија. Целта е, како што кажа Вучиќ, сите полесни пациенти да се изолираат и да имаат брзо лечење.