Во Грција уапсени 45 лица за прекршување на превентивните мерки за коронавирусот

0
104

Во 43 случаи во цела Грција, од четвртокот до денеска, грчката полиција уапсила 45 лица за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што попладнево соопштија од грчката полиција, уапсените не ги почитувале препораките и ги оставиле отворени објекти за кои важат привремените мерки, односно конкретно, работеле училишта за дополнителна настава на ученици, фризерски салони, салони за убавина, кафулиња и сл.

Најголем број од случаите (12) се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а останатите се во речиси сите делови на Грција, во Солун, на Крит, во западниот, северниот и североисточниот дел на земјата, на Пелопонез итн.