Во Скопје министерски состанок на Берлинскиот процес

0
82

Шефот на дипломатијата Никола Димитров заедно со колегите од Бугарија Екатерина Захариева и од Германија Хајко Мас ќе го отворат Состанок на министри за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западниот Балкан. Со тоа ќе биде означен почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година. Во изминативе два дена пак, во Скопје се одвиваше тинк тенк форумот во рамките на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Северна Македонија. Се дискутираше за миграцијата, за безбедноста и хибирдните закани, за владеењето на правото и за иднинатата на Европа.