Во тетовско 295 лица во самоизолација

0
94

На тетовското подрачје од 16 до 20 март евидентирани се 295 лица кои потпишале писмени изјави за самоизолација дома, во насока на превенција од ширење на коронавирусот, соопшти денеска СВР Тетово.

Оттаму информираат дека полицијата врши проверки дали се придржуваат до дадените препораки и обврската дека ќе престојуваат дома во предвидениот рок. Во текот на денот, додаваат, се вршат неколку проверки дали лицата се дома или го напуштиле станбениот објект.

МВР на 17 март објави дека едно лице од Тетово ја прекршило мерката за самоизолација и за него е поднесена соодветна пријава до Обвинителството по членовите 205 и 206 од Кривичен законик за пренесување заразна болест и непостапување по здравствените прописи за време на епидемија.