Италијански доктор: Чудно воспаление на белите дробови кружеше на северот од Италија уште во ноември

0
83

Чудно воспаление на белите дробови кружеше на северот од Италија уште во ноември”, неколку недели пред докторите да станат свесни за избивањето на новиот коронавирус во Кина, изјави еден од водечките медицински стручњаци во Италија, докторот Џузепе Ремуци.

„Тие(лекарите од општа пракса“ се сеќаваат дека виделе необична пневмонија, многу тешко воспаление на белите дробови, посебно кај повозрасните лица во декември, дури уште во ноември“, изјави директорот на Институтот „Марио Негри“ за фармаколошки истражувања во Милано , докторот Џузепе Ремуци во интервју за Националното јавно радио на САД.

-Тоа значи дека вирусот циркулирал, барем во Ломбардија, и пред ние да станеме свесни дека оваа епидемиј се случува во Кина.