Кинез осуден на смрт, убил двајца службеници на контролна точка за коронавирус

0
81

Осудениот кинез дошол до контролната точка со мало комби и одбил да ги следи наредбите кои му ги давале службениците. Неговиот сопатник од комбето излегол надвор и се обидел да ги тргне барикадите на улицата и покрај предупредувањата од надлежните на контролната точка.

Кога еден од службениците на контролната точка почнал да снима што се случува, возачот на комбето излегол. Го нападнал службеникот со џебно ноже и го прободел во гради и во стомак.

Потоа нападнал и друг службеник кој тргнал кон нив за да ја смири ситуацијата. Него исто така го прободел со нож во стомак. Двајцата службеници умреле.